Прераскажување на книгата „Исти очи“ од Горјан Петрески
Во овој роман се зборува за едно мало момче и неговите големи авантури.
Ангел бил младо момче кое што живеело на едно место наречено Клисура. Бидејки Клисурата се наоѓала во близина на железничката станица, Ангел имал можност да заработува пари продавајки јорговани на патниците, бидејки јоргованот го имало во изобилство.
Еден ден, додека Ангел се наоѓал на железничката станица продавајки ги јоргованите, тој слушнал свирење на флејта која доаѓала од возот кој што застанал таму. Кога влегол во кабината од каде што музиката најгласно се слушала, тој забележал девојче, со руса коса и сини очи-налик на неговите. Во тој момент, нешто се разбранувало помеѓу нив, но ниту момчето ниту девојчето незнаело какво е тоа чувство. Ангел набрзина и ги дал трите китки јоргован кои што му преостанаа на убавото девојче спроти него, а парите пак-не ги прифатил. Штом Ангел набрзина излегол од кабината, младата флејтискта пак, без да чека друг погоден момент, ја запишала својата адреса на мало ливче и од прозорецот на кабината го фрлила на момчето кое што продаваше јоргован. Но, една не толку мила случка го растажила Ангел- ветрот безмилосно го отфрлил ова ливче далеку кон Клисурата, па иако Ангел го познавал тоа место како својата дланка тој неможел да го пронајде тоа ливче. Во овој период тој разбира дека се родила љубов кон младата флејтистка.
Но, по неколку дена, заедно со своето верно куче Калин, Ангел тргнал во потрага по оваа важна информација. Сепак го пронашол ливчето со испишаната адреса кај некој риболовец, но ливчето веќе било изгорено до половина...
Штом Ангел го завршил основното образование решил да појде во градот.
Таму пак,тој дознава дека девојчето со флејтата кое случајно го запознал во возот е всушност неговата сестра, а тој пак бил одведен на Клисурата од страна на неговиот чичко кој не сакал Ангел да биде наследник на сиот имот кој што го имал неговиот татко.
Иако љубовта на Ангел била неуспешна, тој сепак нашол една личност која што незнаел дека недостига во неговиот живот уште кога тој бил роден.
Белешка за авторот:
Горјан Петрески (1951 г. с. Мренога, Демир Хисар) се школувал во родното место, потоа во Прилеп (гимназија) и Скопје (студирал на Филолошкиот факултет, група југословенска книжевност.
Ги напишал овие дела: „Гороцвет“, „Земјата од сонот“, „Тажниот свирач“, „Татковите солзи“, „Задоцнети писма до Споменка“,„Пролетни дождови“, „Рано дојде љубовта’ и други. Сепак, најголем дел од творештвото на Горјан Петревски пополнуваат неговите популарни романи:„Споменка“ (три изданија), „Марта“ (седум изданија), „Снеговите на Климентина Евин“ ( три изданија), „Далечна љубов“ (две изданија), „Исти очи“ (пет изданија), „Вечниот ветар“ (две изданија) и „Сама“ (две изданија).
Неговите романи се обработуваат како редовна или дополнителна лектира во основните училишта.

No comments:
Post a Comment