Friday, May 27, 2016

Прераскажување на лектирата „Пат околу светот за 80 дена“ од Жил Верн

   Во овој интересен роман се раскажува како господинот Фог успева да докаже дека светот навистина може да се заобиколи за само 80 дена.
   Господинот Филеас Фог бил средовечен човек кој во своите кругови бил познат по својата неверојатна точност. Секое сабајле од својата куќа до клубот Реформ во кој бил зачленет правел по точно одреден број чекори. Таму ручал и вечерал, таму се состанувал со своите стари пријатели.
   Еден ден, тие во клубот започнале дискусија за тоа за колку време би можел да се заобиколи светот, а кога господинот Фог кажал дека тој може да се заобиколи за 80 дена сите останале зачудени и едноставно, не се согласувале со неговиот став.
Тие се обложиле со него во врска со патувањето, а тој веќе наредниот ден се спремил и тргнал кон авантурите кои го чекале..
   Малку подоцна се дознало за кражба која се случила во една банка, а според очевидци и сведоци, физичкиот изглед на крадецот се поклопувал со господинот Филеас Фог. Многумина донеле заклучоци дека Филеас Фог бил вистинскиот крадец а за да го избегне своето апсење, тој измислил некое безмислено патување со кое што ке го заобиколи светот за 80 дена иако поголем дел од народот таа идеја ја сметал за апсурдна.
Затоа, по него тргнал еден детектив чекајки Филеас Фог како потенцијалниот крадец да се сокрие и да чека да стивне бурата околу кражбата. Но, на крајот се заклучува дека Филеас Фог не ја извршил таа кражба и дека бил лажно обвинет.
   На ова патување заедно со својот верен слуга Жан Паспарту, тој не само што доживува фантастични работи но и успева да спаси една жена која била осудена на смрт и тие двајцата се заљубуваат еден во друг.
   Покрај сите овие пречки, Филеас Фог и Жан Паспарту штом стигнале назад во Лондон по своето патување сфатиле дека задоцниле 1 ден се додека Филеас Фог не закажал венчавка утредена со својата сакана Ауда но барањето било одбиено бидејки тоа бил неработен ден за кој мислеле дека е Понеделник.
Дури тогаш, господинот Фог сфаќа дека тие дошле пред крајниот рок, и со брзина на светлината, тој се качува во кочија и пристигнува во клубот Реформ по што им докажал на сите присутни дека светот навистина може да се заобиколи за 80 дена.Ако не и помалку...

Главни ликови:
- господинот Филеас Фог
- Жан Паспарту
Споредни ликови:
- Ауда (жената на г-дин Фог)
- пријателите на г-дин Фог од клубот Реформ
- детективот


Белешка за авторот:
   Французинот Жил Верн (1828-1905) уште од далечната 1862 година по објавувањето на својот прв роман „Пет недели во балонот“ постојану ја разигрува фантазијата на своите читатели. Научните откритија, кои во неговото време, втората половина од XIX век, се осознавале со голема страст и нетрпение, биле вистински предизвик за него. Маѓепсан од науката, Верн ја следел и ја проучувал до детали и ја внесувал во своите дела, впечатливо опишувајки ја нејзината моќ. Така во неговите романи, предвидени се и опишани некои од најспектакуларните научни пронајдоци на модерното време како подморницата или сателитот.
   Кога ќе го читате ова дело, како и другите негови познати дела: „Дваесет милји под морето“ , „Децата на капетанот Грант“ , „Патот во средиштето на земјата“ , ќе го почувствувате оној пионерски трепет пред неистраженото, што сите нас, без оглед на возраста, не исполнува со благородна енергија...

1 comment:

  1. Инаку имате грешка, Филеас Фог не бил крадецот, туку неговиот "Слуга" наречен "Паспарту"(Џеки Чен).

    ReplyDelete