Friday, May 27, 2016

Прераскажување на лектирата „Пат околу светот за 80 дена“ од Жил Верн

   Во овој интересен роман се раскажува како господинот Фог успева да докаже дека светот навистина може да се заобиколи за само 80 дена.
   Господинот Филеас Фог бил средовечен човек кој во своите кругови бил познат по својата неверојатна точност. Секое сабајле од својата куќа до клубот Реформ во кој бил зачленет правел по точно одреден број чекори. Таму ручал и вечерал, таму се состанувал со своите стари пријатели.
   Еден ден, тие во клубот започнале дискусија за тоа за колку време би можел да се заобиколи светот, а кога господинот Фог кажал дека тој може да се заобиколи за 80 дена сите останале зачудени и едноставно, не се согласувале со неговиот став.
Тие се обложиле со него во врска со патувањето, а тој веќе наредниот ден се спремил и тргнал кон авантурите кои го чекале..
   Малку подоцна се дознало за кражба која се случила во една банка, а според очевидци и сведоци, физичкиот изглед на крадецот се поклопувал со господинот Филеас Фог. Многумина донеле заклучоци дека Филеас Фог бил вистинскиот крадец а за да го избегне своето апсење, тој измислил некое безмислено патување со кое што ке го заобиколи светот за 80 дена иако поголем дел од народот таа идеја ја сметал за апсурдна.
Затоа, по него тргнал еден детектив чекајки Филеас Фог како потенцијалниот крадец да се сокрие и да чека да стивне бурата околу кражбата. Но, на крајот се заклучува дека Филеас Фог не ја извршил таа кражба и дека бил лажно обвинет.
   На ова патување заедно со својот верен слуга Жан Паспарту, тој не само што доживува фантастични работи но и успева да спаси една жена која била осудена на смрт и тие двајцата се заљубуваат еден во друг.
   Покрај сите овие пречки, Филеас Фог и Жан Паспарту штом стигнале назад во Лондон по своето патување сфатиле дека задоцниле 1 ден се додека Филеас Фог не закажал венчавка утредена со својата сакана Ауда но барањето било одбиено бидејки тоа бил неработен ден за кој мислеле дека е Понеделник.
Дури тогаш, господинот Фог сфаќа дека тие дошле пред крајниот рок, и со брзина на светлината, тој се качува во кочија и пристигнува во клубот Реформ по што им докажал на сите присутни дека светот навистина може да се заобиколи за 80 дена.Ако не и помалку...

Главни ликови:
- господинот Филеас Фог
- Жан Паспарту
Споредни ликови:
- Ауда (жената на г-дин Фог)
- пријателите на г-дин Фог од клубот Реформ
- детективот


Белешка за авторот:
   Французинот Жил Верн (1828-1905) уште од далечната 1862 година по објавувањето на својот прв роман „Пет недели во балонот“ постојану ја разигрува фантазијата на своите читатели. Научните откритија, кои во неговото време, втората половина од XIX век, се осознавале со голема страст и нетрпение, биле вистински предизвик за него. Маѓепсан од науката, Верн ја следел и ја проучувал до детали и ја внесувал во своите дела, впечатливо опишувајки ја нејзината моќ. Така во неговите романи, предвидени се и опишани некои од најспектакуларните научни пронајдоци на модерното време како подморницата или сателитот.
   Кога ќе го читате ова дело, како и другите негови познати дела: „Дваесет милји под морето“ , „Децата на капетанот Грант“ , „Патот во средиштето на земјата“ , ќе го почувствувате оној пионерски трепет пред неистраженото, што сите нас, без оглед на возраста, не исполнува со благородна енергија...

Прераскажување на лектирата „Девојките на Марко“ од Оливера Николова

   -Во оваа лектира се зборува за враќањето на Марко од војска и како му помогнал на својот помал брад Славе тој да порасне.

   Славе бил најмалиот од трите браќа во едно семејство. Најстариот брат пак, Марко, еден понеделник требал да се врати од војска на еднонеделно отсуство. Славе, кој долго го очекувал враќањето на Марко, испланирал какви се активности да прават со неговиот најстар брат- од понеделникот па се до крајот на неговото отсуство. 
   Но, Марко сакал да го помине најголемиот дел од своето отсуство со неговата девојка Роска па му ги наметнува Јагода, Лиле, Дивна,Верче,Јана и Билјана да го задржуваат Славе низ шестдневното отсуство. 
   Иако Славе не успеал да ги заврши сите испланирани обврски со својот брат, тој ги запознал девојките преку кои без страв зачекорил пред светот на возрасните. Девојките без кои ниедно момче неможе вистински да порасне.


Главен лик: Славе (тој е мирно, добродушно и искрено дете.  Најмалиот брат помеѓу Диме и Марко. 
Споредни ликови:
-Марко (најстариот брат кој е војник)
-Диме (другиот брат на Славе)
-Мајка му на Славе (Милка)
-Татко му на Славе (Живе)
-Верче (инструктор по пливање а воедно и пријателка на Марко и Славе)
-Јана
-Билјана
-Јагода (позната и по своите тулумби)
-Лиле
-Дивна



Белешка за авторот:
   Николова Оливера е родена во Скопје во 1936 година. Раскажувач, романсиер и драмски писател. Дипломирала на филолошкиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 
   Сиот работен век го поминува како соработник и драматург- уредник во емисии за деца и возрасни. Има напишано повеќе романи, проза, сликовници, радио игри и гтеатарски претстави.
   Добитник е на „Змаевата награда“ во 1983 година за специјални достифнувања во современиот израз на литературата за деца. 



Прераскажување на книгата „Исти очи“ од Горјан Петрески

   Во овој роман се зборува за едно мало момче и неговите големи авантури.
Ангел бил младо момче кое што живеело на едно место наречено Клисура. Бидејки Клисурата се наоѓала во близина на железничката станица, Ангел имал можност да заработува пари продавајки јорговани на патниците, бидејки јоргованот го имало во изобилство.
   Еден ден, додека Ангел се наоѓал на железничката станица продавајки ги јоргованите, тој слушнал свирење на флејта која доаѓала од возот кој што застанал таму. Кога влегол во кабината од каде што музиката најгласно се слушала, тој забележал девојче, со руса коса и сини очи-налик на неговите. Во тој момент, нешто се разбранувало помеѓу нив, но ниту момчето ниту девојчето незнаело какво е тоа чувство. Ангел набрзина и ги дал трите китки јоргован кои што му преостанаа на убавото девојче спроти него, а парите пак-не ги прифатил. Штом Ангел набрзина излегол од кабината, младата флејтискта пак, без да чека друг погоден момент, ја запишала својата адреса на мало ливче и од прозорецот на кабината го фрлила на момчето кое што продаваше јоргован. Но, една не толку мила случка го растажила Ангел- ветрот безмилосно го отфрлил ова ливче далеку кон Клисурата, па иако Ангел го познавал тоа место како својата дланка тој неможел да го пронајде тоа ливче. Во овој период тој разбира дека се родила љубов кон младата флејтистка.
Но, по неколку дена, заедно со своето верно куче Калин, Ангел тргнал во потрага по оваа важна информација. Сепак го пронашол ливчето со испишаната адреса кај некој риболовец, но ливчето веќе било изгорено до половина...
   Штом Ангел го завршил основното образование решил да појде во градот.
Таму пак,тој дознава дека девојчето со флејтата кое случајно го запознал во возот е всушност неговата сестра, а тој пак бил одведен на Клисурата од страна на неговиот чичко кој не сакал Ангел да биде наследник на сиот имот кој што го имал неговиот татко.
   Иако љубовта на Ангел била неуспешна, тој сепак нашол една личност која што незнаел дека недостига во неговиот живот уште кога тој бил роден.


Белешка за авторот: 
Горјан Петрески (1951 г. с. Мренога, Демир Хисар) се школувал во родното место, потоа во Прилеп (гимназија) и Скопје (студирал на Филолошкиот факултет, група југословенска книжевност.
Ги напишал овие дела:  „Гороцвет“„Земјата од сонот“„Тажниот свирач“„Татковите солзи“„Задоцнети писма до Споменка“,„Пролетни дождови“, „Рано дојде љубовта’ и други. Сепак, најголем дел од творештвото на Горјан Петревски пополнуваат неговите популарни романи:„Споменка“ (три изданија), „Марта“ (седум изданија), „Снеговите на Климентина Евин“ ( три изданија), „Далечна љубов“ (две изданија), „Исти очи“ (пет изданија), „Вечниот ветар“ (две изданија) и „Сама“ (две изданија).
    Неговите романи се обработуваат како редовна или дополнителна лектира во основните училишта.

Прераскажување на лектирата „Хајди“ од Јохана Шпири

  Во оваа лектира се зборува за малото девојче Хајди и нејзиното забавно детство.
Хајди било мало девојче чии родители починале,а единствената роднина која ја имала,нејзината тетка Дета несакала повеќе да ја издржува. Еден ден,заедно со Хајди таа се упатила кон својот татко во селото наречено Селце,очекувајки тој да се грижи за неа. Но дедото на Хајди во селото бил познат како тврдокорен и не многу пријатен човек,па тој се преселил над селото,подалеку од оние кои се плашеле од него. Штом стигнале,жената брзо ја оставила Хајди пред старецот,си кажале два-три збора небаре се странци и си заминала.
  Стариот господин не покажувал многу љубов кон Хајди,но полека полека,тој почнал вистински да ја сака својата внука. Тој ја научил да ги сака животните,ливадите,полињата и да се чувствува слободно таму.
 Хајди веднаш се запознала со Петре Козарот кој бил син на една од жените од селото. Тој секој ден одел да ги пасе неговите и козите на старецот,а откога ја запознал Хајди,ја носел со себе. Собата на Хајди била на таванот. Спиела на сено (кое и било прилично удобно) а над нејзиниот кревет се наоѓал прозорец преку кој можела да го види небото и ѕвездите навечер.
  Нејзиниот дедо постепено почнал повторно да се дружи со своите пријатели и да им помага на луѓето. Кога било зима и кога Хајди неможела да слегува од планината за да оди на училиште поради тешките услови,нејзиниот дедо заедно со неа се преселил во селото во една стара куќа која ја купил. Сите зими ги поминувале таму..
  Еден,тетката на Хајди се вратила и го повела девојчето со себе во Франкфурт. Причината заради тоа била дека на Клара-девојче кое постојано е во инвалидска количка,кое живее во прилично богата куќа и е потребна придружба и другарка за забава,но никогаш не ја почувствувала слободата во своите нозе за да трча.
  Хајди била поразлична од неа. Иако Клара сакала повеќе од досадниот наставник и од грозното рибино масло кое требало да го пие,нејзината воспитувачка инсистирала таа да се држи до правилата и да не се возбудува. Хајди се почувствувала затворена во големата куќа и и недостасувал животот во планината. Секој ден таа била се по тажна и бледа,а навечер несвесно месечарела и се обидувала да излезе низ капијата од дворот сакајќи да се врати во нејзинот дом кај дедо и. Еден ден,поради нејзината загрижувачка состојба,дошол еден добар доктор и ја прегледар и рекол дека ако Хајди не се врати на стариот живот,состојбата само би и се влошила. За два дена,Хајди тргнала кон Селце со голема возбуда а Клара и ветила дека еден ден ќе дојде на посета.
  Хајди секој ден ја чекала Клара да дојде,кога еден ден забележала двајца мажи кои носат носилка,а на носилката ја препознала својата другарка,Клара. Со неа дошла и нејзината баба но таа заминала во една од бањите имајки целосна доверба за безбедноста и здравјето на Клара во стариот господин.
  Клара секој ден се чувствувала се подобро и подобро. Дедото на Хајди и го давал најдоброто млеко од неговите две кози,и како за чудо,еден ден,Клара (со помош на Хајди и дедо и) станала на нозе! Нејзината среќа и возбуда се дигнале до небото.
  Бабата и таткото на Клара неизмерно му биле благодарни на дедото на Хајди,и го прашале да не има потреба од било каква услуга или помош и се подготвени се да направат.
Дедото на Хајди од нив само побарал да водат грижа за Хајди ако еден ден тој замине. Од се срце му ветиле дека Хајди ќе биде во добри раце,но дотогаш таа ќе го живее животот на начин кој отсекогаш го сакала!

Опис на ликови:
Хајди-главниот лик во оваа лектира е опишана како мало девојче со руса коса и ангелско лице. Нејзиниот карактер отсекогаш бил добродушен,а душата-наивна,детска. Хајди ги сакала сите со сето срце,и правдата секогаш ја возвишувала во победа!

Петре Козарот-тоа било момче на возраст од 10 до 13 години. Имал кафеава коса,а изразот на неговото лице давал впечаток на забавно и дружељубиво момче!

Дедото на Хајди-поради своето минато,старецот обидувајки се да се казни себе си,се преселил на планина во една мала колибка далеку од малата цивилизација која се наоѓала во подножјето на Швајцарските планини. Тој бил карактеризиран како тврд човек кој незнае за милост,но длабоко во својата душа,тој имал љубов и мекост до кои само Хајди успеала да допре!

Клара-таа била малку поголема од Хајди,но во неа отсекогаш се криела желба за играње цел ден до залезот на сонцето. Имала големо разбирање за секого кое само го потрепувало фактот дека Клара била доста зрела за  нејзината возраст.

Белешка за авторот:
Јохана Шпири е родена на 12 Јуни 1827 а починала на 7 Јули 1901 година. Таа била позната шведска писателка која во главно пишувала приказни и романи за деца.
Нејзини познати дела се „Без татковина“ , „Хајди“ и други.

Прераскажување на лектирата „Втората смена“ од Велко Неделковски

-Во оваа лектира се раскажува за возбудливите доживувања на Николче за време на одморот во Струга.
  Николче живеел во фамилија каде што буквата „Н“ била омилена. Неговиот дедо бил крстен Никола,а по него и неговиот син Никола (кого го викале Коле) кој што бил татко на најмалиот Николче. А на мајката и бабата на Николче не им е важна буквата,неговата баба се вика Марија а неговата мајка-Љупка.
  Еден ден,таткото се вратил од чаршија и на сите им ја кажал радосната вест: Николче бил запишан за летен одмор со своите врсници  и ученици од сите училишта во неговиот крај. Сите биле пресреќни,но бабата и мајката постојано се прашувале дали Николче е доволно возрасен и способен сам да си ги врши должностите-да си ги мие забите навечер,топло да се облекува и да биде уреден. Тој решил со себе да понесе еден дневник во кој ќе запишува се што му се случувало за време на петнаесет-дневниот престој во Струга.
  Во автобусот,кон патот за Струга запознал доста другарчиња и ја запознал тетка Оле-жената која ќе биде одговорна за нив за време на одморот. Тетка Оле била мошне добра жена,покажувала строгост кон немирните ученици но таа ги сакала сите под еднакво.
  Кога стигнале во хотелот,Николче се запознал со своите „цимери“ со кои петнаесет дена ќе ја дели собата од хотелот. Тоа биле-малиот Цобе,немирните близнаци Бане и Цане кои постојано се задевале еден со друг,Бранко и Костадин-Коце.
  Николче мошне забавно си поминувал на одморот. Секојдневно нуркал,собирал школки,а потоа играл разни игри во дворот на хотелот заедно со своите другари. Еден ден,тој ја запознал Маргарита. Таа била поголема од него цели 2 години,но и без разлика на тоа,тие двајца многу се дружеле. Николче постојано мислел на Маргарита,еднаш,без размисување се нурнал во Охридското езеро и барал морска ѕвезда за да и ја подари. Не бил сигурен,но полека Маргарита почнала да му се допаѓа. Но работите не се одвиваат секогаш по планираното.
  Коце и Маргарита се засакале. Маргарита му е сега девојка..
Полека,деновите изминуваа,Николче некогаш тажел,некогаш со игрите и заборавал на Маргарита..
  Дојде денот кога требало да си заминат дома,скоро сите девојчиња во автобусот почнале да плачат,ќе им недостига изминатава забава..
  Николче си дошо дома,радосен дека повторно ќе спие на својот кревет,на својата зелена перница,повторно ќе се капи во својата када..
  Започнал да игра шах со дедо му,но мислите далеку му летале..Мислел на Маргарита,неговата Марга..
  Ах,до кога ли Николче би ја памтел својата прва љубов...?

Прераскажување на лектирата „Оливер Твист“ од Чарлс Дикенс

Во оваа книга се зборува за животот на малиот Оливер Твист.
Откако Оливер Твист дошол на свет,неговата мајка починала и со оглед на тоа што незнаеле кој е таткото,малото новороденче го примиле во сиропиталиштето.
  А таму,по некои нови мерки,децата биле изгладнувани и се обидувале да изнајдат начин како да добијат уште малку од кашата која ја јаделе секој ден.
  Еднаш,Оливер собрал храброст и побарал уште малку од кашата. Кога управителот и одборот слушнале за тоа се запрепастиле,го фрлиле кутриот Оливер во тесна ќелија и го изгладнувале,мачеле... Веднаш по тоа,тие објавиле оглас во кој пишувало дека кој ќе го земе Оливер во својот дом,ќе му дадат парична награда од пет фунти. Еден ден,сопственик на погребално претпријтие го земал Оливер крај себе како помошник. Но,таму,во домот на сопственикот на претпријатието воопшто не било лесно да се живее. Кутриот Оливер,го тепале,го изгладнувале,го мачеле и навредувале.
  Но гордоста на Оливер не му наложувала да остане таму и да ги слуша секој ден безмилосните навреди и избегал!
  По седум дена пешачење без вода и леб,Оливер Твист стигнал до некое мало градче по име Бернет и таму сретнал едно момче кое му понудило да појде заедно со него во Лондон ветувајки му пари и солидно живеалиште. И,Оливер тргнал со тоа момче,чие име било Џек Докинс.
  Во Лондон,во куќата на Џек,сите го примиле срдечно Оливер. Всушност,најстариот Фејгин,Џек и останатите деца биле крадци.
  Еден ден,Џек заедно со Оливер отишле да ограбат некого,но сето тоа на Оливер му било нејасно. Забележале еден прилично стар господин кој разгледувал книги на една тезга. Џек му се прикрадил на господинот и го ограбил. Почнал да бега,а Оливер незнејки што да прави почнал со сета сила да бега,и додека да свати што се случува,половина град се втурнал во брканица со малите крадци!
  На крај-го фатиле Оливер и го однеле на суд. Тој имал треска и се онесвестил во судот. Еден сведок раскажал дека кутриот Оливер воопшто не бил виновен и откако го ослободиле,ограбениот господин Браунлоу го повел со себе во својата куќа за да го излекува.
Откако оздравел,Оливер отишол во градот за да направи услуга на господинот Бранулоу и за ја врати книгата која тој во моментот на грабежот ја понесол со себе. Но таму,едно од крадците на Фејгин го грабнало Оливер и повторно го однеле во нивната куќа. Повторно заминале да крадат од поголема куќа но тоа завршило неуспешно а Оливер го раниле во едната рака. Трчал до најблиската куќа каде таму ил примен и лекуван.
  За тоа време,во Лондон,некој човек по име Манкс се распрашувал за малиот Оливер,а бидејки тој му бил полубрат,се обидувал да смисли како да го убие и да го земе наследството кое му го оставиле починатите родители.
 Господинот Браунлоу,подоцна дознал за тоа и поврзувајки ги сите точки и настани добил јасна претстава за потеклото на Оливер. Ги фатил во стапица Фејгин и Манкс и ги принудил да се откажат од злобните намери. Го посвоил Оливер и го научил многу поучни работи.
-Страдањата не го исплашиле малиот Твист туку напротив,го поттикнале да се впушти во барање на подобар живот!

Опис на ликовите:
Оливер Твист-кој е главната улога во романот,било ниско плаво дете на возраст меѓу 8 и 10 години. Бил добродушен и наивен мислејки дека сите луѓе на светот се добри. Карактерот на Оливер Твист е прилично интересен затоа што тој на толку мала возраст успеал да најде решение за сите потешкотии. И покрај се што доживеал и сите неправди кои му биле нанесени,тој храбро продолжил да се бори за правдата!

Господин Браунлоу-стариот господин кој го посвоил Оливер бил маж во своите 60 години. Неговиот карактер бил едноставен-добродушен човек со меко срце. Секогаш бил уредно облечен и подготвен да се избори за најдоброто.

Манкс-полубратот на Оливер Твист бил благородник со висока става но секогаш намштено 
лице кое дава впечаток на заговор и подмолност.

Г-дин и г-ѓа Бамбл-тие биле двајцата сопственици на сиропиталиштето и главно одговорните за првенствените страдања на Оливер. Подоцна,откривајки ги нивните злобни намери,г-дин Браунлоу им поставува услов: Или ќе бидат добри кон сираците,или нивните намери ќе бидат откриени!

Прераскажување на лектирата „Марта“ од Горјан Петревски


  Во оваа лектира се зборува за Марта и нејзините доживувања.
Марта било девојче од седмо одделение кое честопати било карактеризирано како најубавото и најзрелото девојче од нејзината генерација. Нејзиниот најдобар другар но и воедно личност со која го поминувала поголемиот период од денот е нејзиниот соученик Борко. Уште од мала,Марта била растена без татко а приказната пизади тоа за неа била мистерија која се обидувала да ја дознае.
  Од нејзината мајка Бисера дознала дека тој заминал во Швајцарија и со помош на Борко таа испратила писмо до Швајцарската амбасада надевајќи се дека во одговорот ќе се наоѓа и сегашната адреса на нејзиниот татко. Но,во меѓувреме таа се запознала со Витан (уште познат и како Витез) кое било едно од најлошовоспитаните деца од нејзиното училиште. Тој неможел да `и пристапи на Марта па смислил подмолна игра: неговите другари Панде,Никола и Ѓорги (попознати како Пантер,Ник и Џо) да ја нападнат Марта а Витан да се појави таму и да ја одбрани. Но,Марта била наивна и му поверувала на Витан верувајќи дека во него го гледа нејзиниот татко.
  Секој ден била понезаинтересирана за наставата и за дружењето со Борко. Еден ден пристигнало писмо како одговор за Марта. Неможела да поверува на своите очи кога во писмото ја здогледала адресата на нејзиниот татко Мартин Горски чиешто име го носела.  Веднаш земала лист и пенкало и започнала да му пишува на својот татко. 
  Марта доцна ја сватила измамата на Битан,свтила колку многу грешела во врска со него и колку само го повредила Борко. Поради нервната растроеност и преголемиот бес во себе,Марта ја исекла својата долга кадрава коса и ги испила сите апчиња до последното кое го нашла. Малко потоа,мајката на Марта ја нашла ќерка си на подот со пена во устата. Сеуште не било доцна да се интервенира но Марта морала да остане во болница до опоравувањето,а и Борко честопати ја посетувал. На денот кога Марта излегла од болницата,нејзината мајка ја запознала со човек кој изминал доста голем пат до тука. 
  Во тој момент,Марта беше среќна-пак е заедно со Борко,пак учењето и е навика но најважно го запозна татка си,кого со години копнееше за го запознае!

Опис на ликовите:
Марта-таа била добродушна и многу зрела личност за нејзината возраст но понекогаш и наивна. Токму поради таа наивност и невиноста во нејзината душа таа западнала во стапицата на искушенијата во животот..За надворешниот изглед,таа имала долга кадрава коса и зелени очи. Нејзината витка става отсекогаш давала впечаток на сигурна и личност со голема но не секогаш присутна самодоверба.

Борко-тој бил соученик на Марта и нејзин нај другар. Неговата слабост била Марта,отсекогаш сакал да го направи најдоброто што може за Марта да не се чувствува осамено. Тој имал плава коса и симпатично лице.

Бисера-мајката на Марта се опишува како силна личност која во себе крие кревка и чувствителна душа. Била порасната во сиропиталиште,што било причина таа да не биде прифатена од богатото семејство на Мартин Горски.

Дедо Илија-тој е вдовец кој сака авантури и патувања. Бил искрен другар со Марта и Борко и отсекогаш знаел дека постои некоја хемија меѓу нив двајца. 

Мартин Горски-малку е познато за гоподинот кој е претставен како татко на малата Марта. Неговата ќерка ги наследила цртите од лицето токму од нејзиниот татко. Тој бил добродушен човек кој неизмерно  ја сакал Бисера,и токму поради тоа,тој се вратил да живее со неа и со својата ќерка.

Витан-тој бил еден од многуте деца кои биле израснати со недоволна родителска грижа и љубов кои подоцна го повеле на многу погрешен пат. Често ги „корнел“ улиците и булеварите во Скопје со својата „Хонда“. Бил крупен а неговиот израз давал впечаток на самоуверена и личност која во себе гледа победник.

Белешка за авторот:
Горјан Петревски е роден на 14 Јули 1951 година во село Мренога,Демир Хисар. Студирал филолошки факултет во Скопје. Тој напишак голем број дела како:
„Гороцвет“ , „Земјата од сонот“ , „Татковите солзи“ со кое добил втора награда на конкурсот „Детска радост“ за најдобра книга. Познати се и неговите романи: „Марта“ , „Споменка“ и нејзините продолженија „Сонот со Споменка“ , „Спомените за Споменка“ и „Задоцнето писмо до Споменка“. Потоа следуваат „ Снеговите на Климентина Евин“ , „Исти очи“ и други.